Kонференцијата „Дијалог и демократија – Магна Карта денес“

На 11ти декември 2015 година (петок) во Младински културен центар (МКЦ) – Скопје со почеток од 10:00 часот се одржа конференцијата „Дијалог и демократија – Магна Карта денес“. На конференцијата се дискутираше за вредностите на оваа повелба и нејзиното значење за човековите права и слободи во современиот свет и досегашниот развој на демократијата.

Ова е финалниот настан после конкурсот за средношколци за есеи на тема „Магна Карта“ кој траеше до 20-ти ноември, 2015 година. Сертификатите на победниците во секоја од трите категории им беа врачени од страна на Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет. Тие прочитаа извадок од својот есеј, по што по секој прочитан извадок следуваше панел од тројца говорници на темата.

Учество земаа и младите членови на МОФ клубовите од Неготино дел од ЦРОР.
Воедно и честитаме на Кристина Николова асистент на Медиа АРТ клуб во Неготино на втората награда.

Сите фотографии може да ги погледнете на овој линк:https://www.dropbox.com/sh/pgu2cy8ghpxnve8/AAC2X0wGP-76GoZ_9UOet30va?dl=0&preview=Mof-284.jpg




No comments:

Post a Comment