Средношколски права и обврски

Тренинг обуки за средношколко организирање и учество беше одржана на 26.12.2015 година во Желковата Куќа на општина Неготино.
На неа учество земаа средношколци од СОУ Кирил и Методиј како и претставници од невладин сектор.
Темите кои беа опфатени на овој тренинг обуки беа:

1. Потребата од средношколска заедница и Структура на средношколска заедница 
2. Средношколски права и обврски 
3. Организација на настани 
4. Финансиска писменост 
5. SWOT Анализа 
6. Креирање на годишна програма
Тренери: Емилија Андонова и Стефан Андонов 

Обука: СРЕДНОШКОЛСКИ ПРАВА И ОБВРСКИ
Која се одржa на 29.09.2015 во во просториите на невладината ЦРОР (Стоковна куќа,2 кат). Обуката е поддржана од Младински Образовен Форум - СКопје и Младинската Организација на училиштето.

На обуката присуствуваа сите заинтересирани членови на класните заедници (претседатели, потпретседатели, па и ученици) кои сакаа да научат нешто повеќе за нивните права како средношколци во Република Македонија.

Обуката ги опфати правата на: вондредно учење, бесплатен превоз, дополнителна и додатна настава, критериуми и стандарди при оценување, приговори при екстерно оценување, приговор на годишна оценка, вработување, стипендија, екскурзија, претставка до Правобранител и Просветен Инспекторат во случај на прекршување на правата, поништување (и добивање) на педагошки мерки, како и многу други.

Тренери беа Емилија Андонова и Стефан Андонов





No comments:

Post a Comment