Поставена кутија за регрутација на нови членови

Центарот за регионален и одржлив развој од Неготино е во потрага и во текот на оваа недела ќе врши регрутација на нови членови кои ќе изразат желба да бидат дел од оваа организација и да бидат активисти на истата. Паралелно, отворен е и повик за нови дебатери-средношколци кои можат да се зачленат во средношколскиот дебатен клуб на Младинскиот образовен форум. Во информацијата се истакнува дека дебатната програма како една од главните активности на МОФ нуди едногодишни обуки по дебата и аргументирано изразување со напомена дека официјалниот дел од оваа обука е бесплатен. Обуката се спроведува во 13 градови во Македонија во кои се одржуваат предавања еднаш во текот на неделата и е наменета за средношколци кои се заинтересирани на тој начин да го подобрат нивното аргументирано изразување и критичко размислување. Организаторите истакнуваат дека преку настаните во дебатните клубови, младите од општина Неготино ќе научат аргументирано и структурно да се изразуваат, да ја подобрат способноста за јавно говорење, да посетат земји во кои досега не биле, да организираат јавни настани и јавни дебати, а сето тоа знаење да го стекнат на еден неформален и исклучително забавен начин. Поканата е отворена, на потег се младите.
www.crorcrsd.wix.com/join
Следува неделата на регрутација на нови членови во ЦРОР. Станете дел од нашата организација и клубови и активирајте се!

#JoinCRSD



No comments:

Post a Comment