Дебатен клуб
Една од главните активности на ЦРОР е Дебатната програма која нуди едногодишни обуки за дебата и аргументирано изразување. Обуката е наменета за средношколци кои се заинтересирани за подобрување на своите способности за критичко мислење и аргументирано искажувањена ставови.
Покрај официјалниот дел од обуката која е бесплатна, се одржуваат и многу дебатни настани (национални и интернационални), како што се дебатни турнири, јавни дебати, семинари и работилници.
Што е дебата?
Дебатата е нешто со кое секојдневно се среќаваме и ни е познато на сите. Во училиштата се водат бројни дискусии на различни теми, посебно на часовите по општествените и хуманите науки. На телевизиските програми и на останатите медиуми сме сведоци на дебати на политички и економски теми, теми од областа на заштитата на животната средина, спортот или културата. Дебатите и дискусиите се застапени во секојдневниот живот и во рамките на семејствата, па често се дискутира за износот на „џепарлакот“, за вечерните излегувања, за изборот на училиште, за последиците од конзумирањето алкохолни пијалоци и за многу други теми кои се од интерес на младиот човек и на неговите родители.
Поимот дебата за нас има различно значење од оној кој што го употребуваме во секојдневните активности. На овие активности со кои се среќаваме секојдневно повеќе прилегаат термините дискусии, расправии, полемики, коментари и слично.
Дебатата како едукативен метод и како организирана активност може едноставно да се дефинира како аргументирана и организирана дискусија на одредена теза меѓу две спротивставени страни!
Ние го правиме тоа подобро од било кој друг!
Како изгледа една дебата?
Кои се најзначаните турнири на кои може да учестуваат дебатерите?
Почетнички турнир
Почетничкиот турнир е наменет за сите дебатери почетници кои сакаат да ги тестираат своите способности и знаења стекнати во дебатниот клуб. Преку дебатирање и разговор со судиите, дебатерите ги унапредуваат своите дебатериски вештини и воедно да се запознаваат со помладите и постарите членови на дебатната заедница. На турнирот учествуваат дебатери од сите 14 града каде се спроведува дебатната програма, а се одржува на крајот на првото полугодие.
Национално дебатно првенство
Националното дебатно првенство е најголемиот турнир кој го организира МОФ, а има за цел да ги избере најдобриот тим и говорници на национално ниво, односно македонските претставници на меѓународни турнири и светското училишно дебатно првенство.
Преку квалификациски турнири се избраат најдобрите кои ќе дебатираат на завршниот турнир на Националното дебатно првенство.На квалификациските турнири и на завршниот турнир на Националното дебатно првенство се дебатира во Светски училиште дебатен формат, а официјален јазик на турнирите е англискиот јазик.
Локални турнири
Дебатните клубови организираат локални турнири на кои се спроставуваат на дебатерите од еден град. Овие турнири претставуваат можност за дополнителна вежба за тимовите кои се натпреваруваат на националните првенства, но и простор за учество во тимовите за организација на овие турнири.
Ме убеди! Каде да се пријавам?
Пријави се за дебатната обука на ЦРОР преку пополнување на овој формулар
Дебатната програма е поддржана од Фондација отворено општество Македонија, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и Интернационална дебатна едукатавнa асоцијација – ИДЕА.
No comments:
Post a Comment