Македокс филмска проекција октомври, ноември и декември

Се уште си онлајн?
Можеш ли барем денес да сѐ откачиш од интернет?
Дојди во ЦРОР на филм за зависноста од интернет!
Интернет зависници (Web Junkie) 
Режија: Шош Шлам и Хила Медалиа
27 октомври (вторник), 19:15 часот
Поканети беа сите заинтересирани :)
https://www.youtube.com/watch?v=yMI0bX5OD3I

Facing Animals“ (Соочување со животните) е триесетминутен холандиски документарен филм во режија на Jan van Ijken и говори за исклучително комплексниот и неретко бизарен однос меѓу животните и луѓето.
„Зошто го тргаме погледот од милионите животни кои се одгледуваат на индустриските фарми додека другите ги галиме и се однесуваме кон нив како да се човечки суштества? Протагонистите во филмот се свињи, кокошки, крави и кучиња, а антагонисти се луѓето. Светот го гледаме од перспектива на животните: пилињата се фрлаат на подвижна лента, жена гали крава на ливада, прасиња квичат додека им ги сечат опашките, кучиња се благословуваат во црква. Шокантни и често спротивставени слики кај гледачите предизвикуваат цела палета на спротивставени емоции. Сепак, како што и самиот режисер истакнува, фимот не е памфлет против индустриското одгледување на животни, туку му е намера да се преиспита односот на луѓето и животните во сите негови контроверзи.“, се наведува во појаснувањето за филмот.
30 ноември (понеделник), 19:15 часот

Младинските филмски клубови на МакеДокс и МОФ се оддржуваат еднаш месечно во клубовите на МОФ во 12 гадови во Македонија: Гевгелија, Дебар, Ресен, Куманово, Велес, Неготино, Кратово, Битола, Струга, Тетово, Кичево, Скопје

Во нив ја отвораме ризницата на креативни документарни филмови за да си го пробистриме умот и изостриме сетилото за убаво, за да видиме и научиме како е другде и да ја децентрализираме културата овде. 

Гледаме и муабетиме!
Проекции се бесплатни.




No comments:

Post a Comment