Целата изложба беше во инстаграм-стил, со цел да се поврзи во предавањата и презентациите кои членовите ги проследија низ состаноците во овие месеци како за преработка на фотографии така и за изработка на добри фотографски дела. Преку оваа изложба младите сакаат да го оживеат инстаграм профилот и да го насочат вниманието на реалноста и се она што не опкружува преку записи и фотографии.
Сликите претставуваат млади во акција а нивната цел е да се поттикне свеста за уредување на некои делови во градот кои одамна се запустени и неискористени а имаат добар квалитет за организација на различни институции, организации, згради кои би го поддржале образованието на младите. Сликите ќе бидат во инста-рамки (исто така изработени од членовите на состаноците на Медиа АРТ клубот).
"Во Неготино имаме многу запустени места кои можат да бидат искористени за многу корисни работи кои во иднина би им биле од помош на младите и би им помогнале во градење на нивните капацитети.Очекуваме оваа изложба да ја поттикне свеста како кај младите , така и кај постарите генерации за искорустување на овие запустени места во соодветни цели." истакна координаторката на Медиа АРТ клуб Неготино Емилија Андонова.
Како што можевте да зебележете уште од името на оваа изложба , таа е во инстаграм стил .Се со цел да ја поврзиме истата со предавањата за уредување и едитирање на фотографија кои медиа артовците ги следеа изминативе месеци.Интересен дел од нашиот денешен настан се и талентираните членови од Мадиа-Арт клубот кои своите техники за цртање , во текот на изложбата ги преточија на лист хартија.
Се надеваме дека оваа изложба ќе ви остави добар впечаток и ќе останете во најдобро расположение.
Сите фотографии се направени од Стефан Ристовски. Благодарност до општина Неготино за професионалниот апарат кој ни овозможи да ги зачуваме сите овие убави моменти.
No comments:
Post a Comment