Вклучете не - младински весник

Инспирацијата за овој весник и оваа кампања потекнува од работилниците на Engage Generator. Engage е конференција за друштвен активизам каде домашни и странски активисти, уметници, новинари, креатори на онлајн иницијативи, блогери и ИТ експерти споделуваат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам на јавни простори, активизам преку друштвени медиуми, уметност, слобода на изразување, истражување и креирање политики, јавна дебата и помагање на заедниците.
Конференцијата се стреми да го подигне нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување, како во сферата на друштвените медиуми така и во физичкиот простор. Генераторот е серија на работилници каде младите активисти учат од дел од говорниците на разни теми: од јавна дебата, креирање на политики до изразување на јавни простори како што е и овој весник. По учеството на Engage Генераторот на неколку млади од Неготино, тие ја добија идејата да започнат кампања за да го посочат
проблемот за недостаток на културни младински настани во градот и да ги промовираат останатите проблеми во градот со кои се соочуваат младите на секојдневно ниво.

Уредници:
Надица Димова, Софија Илиевска, Стефан Андонов, Вероника Николова, Кристина Николова, Надица Атанасовска, Љубица Јованова

Стрипови: Никола Ручкоманов

Дизајн: Стефа Ристовски
Координатор: Емилија Андонова

Младите поделија печатена верзија од весникот на ден 22.09.2015 и на тој начин ја одбележаа и неделата на активизам во Неготино повикувајќи ги младите да се вклучат во кампањата за промовирање на културата во општина Неготино, Доколку не ја погледнавте печатената верзија од весникот кој младите го поделија низ кафичите во Неготино каде поголем дел од младите го поминуваат своете време, може да ја прочитате електронската верзија на следниот линк: https://drive.google.com/file/d/0B9lNYHJpytQBMUZ3MDlKRVJMMzQ/view?usp=sharing




No comments:

Post a Comment