Дебатен клуб

Дебатната програма на МОФ работи во насока на развој на способноста за истражување, критичко размислување, аргументирано говорење и ефективна комуникација кај младите средношколци и студенти од Република Македонија. Програмата има за цел преку развивање индивидуални вештини кај младите да ја зголеми нивната партиципација во општествените случувања. На овој начин се унапредува образовниот процес и преку процесот на учење се поддржуваат основните вредности на демократското општество.

Начинот на работа во рамки на Дебатната програма е изграден врз принципот на активна вклученост на средношколците и на студентите во процесот на учење. Содржината на програмата на учениците и на студентите им овозможува практично да ги применуваат и да ги надополнуваат знаењата стекнати во формалниот образовен процес и да ги збогатуваат своите вештини. Предавањата по дебата се одржуваат еднаш неделно во дебатни клубови водени од страна на сертифицирани предавачи кои имаат поминато обуки за дебатери, предавачи и судии; се одвиваат по утврден курикулум, кој е периодично ревидиран во согласност со потребите на дебатерите и интернационалната дебатна асоцијација.

На годишно ниво, Дебатната програма во МОФ во рамките на програмата за Неформално образование обучува повеќе од 400 средношколци, реализира повеќе од 40 јавни дебати и трибини, организира 2 национални турнири, 15 локални турнири и еден интернационален турнир „Macedonia Open“. Во реализирање на целите и активностите се вклучени сите членови на дебатната програма.

Како соработници на дебатната програма може да се наведат: Интернационалната дебатна едукативна асоцијација(ИДЕА); Министерство за образование и наука; Биро за развој на образование; Влада на Република Македонијa; Фондацијата Отворено општество – Македонија; Делегацијата на Европската комисија; Амбасадата на САД; ОБСЕ; Амбасада на кралството Холандија; Центарот за образование за возрасни; Агенција за млади и спорт; Локална самоуправа на Општините и Градот Скопје ; Средни училишта, универзитети и факултети.





No comments:

Post a Comment