Медиа АРТ клуб - Модул: ИнстаРезба

Преку целата учебна година Медиа АРТ клубовите во цела Македонија дел од мрежата на МОФ работат според Програма на Медиа/Арт клуб која за секој град е изготвена од координаторот на клубот во согласност со идеите, креативноста и желбата за работа на предавачот на клубот, асистентите и секако членовите.

За учебната 2015/2016 година избран предавач на Медиа АРТ клуб во Неготино е Софија Илиевска а асистенти на овој клуб се Кристина Николова и Никола Ручкоманов.

Во период за месец октомври, ноември и декември во Медиа АРТ КЛУБ Неготино работиме на
Модул: ИнстаРезба

Што е Медиа/Арт клуб?

Медиа/Арт клубовите на се место за слободно и креативно изразување на младите. Членовите на овие клубови учат како да ги користат новите медиуми и техниките на уметноста со цел да се постигне младински активизам и помагање на локалната заедница.

Што е работата?

Во моментов постојат 5 клубови во Македонија и тоа во Скопје, Тетово, Велес, Неготино и Струга кои во текот на годината работат на развивање на уличната и дигиталната уметност, видео активизам и краткометражни филмови, новинарство и радио емисии, перформативна уметност и драма, и од минатата година, реупотреблив дизајн. Содржините кои младите членови на Медиа/Арт клубовите ги создаваат имаат цел да поттикнат размислување и дејствување на конкретна општествена тема од нивен интерес.

Што ќе правам таму?

Програмата на Медиа/Арт клубовите трае од октомври 2015 – мај 2016 и оваа година се состои од работилници на 6 техники и тоа:
– Улична уметност;
– Перформанс;
– Новинарство и аудио;
– Документарен филм и кинематографија;
– Реупотреблив дизајн и
– Видео активизам.

Времетраењето на една работилница е максимум три месеци во кои членовите темелно ќе ги изучуваат алатките кои се предвидени во програмата. Медиа/Арт клубовите на МОФ ќе ги обезбедат сите потребни материјали за работа на членовите, како и предавачите со кои ќе соработуваат. Секој клуб се состанува еднаш неделно.

Нашата порака е: И аматери создаваат фантастични дела!





No comments:

Post a Comment