Настан - новогодишна промоција на средношколската заедница

Средношколската Заедница на СОУ„Св.Кирил и Методиј“ - Неготино на датум 28.12.2015 година организираше новогодишен настан за промоција на својата организација во рамките на новогодишниот базар во училиштето.

На настанот учествуваа учениците, професорите, стручната служба и Директорот на училиштето кои имаа шанса на училишната елка, да стават лампион на којшто ќе напишат некоја нивна желба за подобро училиште за во новата 2016 година. Дополнително сите присутни добија подароци од Средношколската заедница (стикери) со кои им се честита новата 2016 година.

Дополнително професорите остваруваа кратки средби на овој настан со средношколските претставници во кои што им даваа идеи и предлози кои СЗ ќе ги вметне во својата годишна програма за новата 2016 година и истите ќе ги реализира. 

Настанот е дел од проектот „Средношколско организирање и учество“, кој го имплементира Младинскиот Образовен Форум.

Огромна благодарност до Ивана Веселинова и Павлинка Ристова за идејата за овој настан, целосната реализација на настанот како и за прекрасните фотографии. Упатуваме благодарност и до Претседателот на Средношколската заедница - Ивона Атанасова, како и до Директорот на училиштето - Оливера Николова Ташева за целосната поддршка во текот на 2015 година на сите активности од овој проект.

ЦРОР им посакува среќни новогодишни и божиќни празници за сите средношколци и членови на средношколската заедница, како и многу петки во наредната година.





No comments:

Post a Comment