Како дел од проектот на УСАИД за Меѓуетничка интеграција во образованието, членовите на дебатниот клуб во Неготино, организираа јавна дебата која опфати тема што директно ги засега младите во тој град. Панелот од говорници на јавната дебатата беше составен од професори во средно училиште, дебатери и претставник од младинскиот совет на Општина Неготино.Говорниците во своите говори споделија искуства, мислења и идеи за тоа како младите се поврзани и функционираат вo општината на секојдневно ниво, и што би можело да се преземе за довербата помеѓу младите и институциите да биде на уште повисоко ниво.
Оваа активност е реализирана во соработка со Дебатната програма на Младински образовен форум која цели кон подобрување на културата на дијалог, зајакнување на нивото на аргументираното говорење, поттикнување на општествена дискусија на релевантни теми и интеграција во општеството.
Јавната дебата
„Младински иницијативи пример за соработка, интеграција и доверба“ беше одржана во Собраниската сала на општина Неготино.
Говорници на ова дебата беа:
- Димитри Самандов и Благоја Тодоровски, предавачи на дебатниот клуб во Неготино
- Ивона Атанасова, претседател на Советот на млади на Општина Неготино
- Соња Илиева и Александар Гичовски, професори во СОУ„Св.Кирил и Методиј“ - Неготино
Им благодариме на присуството на сите присутни на денешната дебата.
Фотографиите се направени од Стефан Ристовски.
Благодарност до Градоначалникот на општина Неготино и вработените за укажаната соработка на овој настан.
No comments:
Post a Comment