Направи чекор, сознај ги своите права! - I активност


"Направи чекор, сознај ги своите права!" - младинскиот настан е дело на сите членови на организацијата Центар за Регионален Одржлив Развој со поддршка од Младински Образовен Форум - МОФ! 

Како прва активност од овој настан е Промоција на Човековите права во ООУ Страшо Пинџур, каде што членовите на ЦРОР преку презентација, видеа, игра им ги презентираа правата на дечињата од петто оддление од ова училиште секако пораката која беше пренесена од младите за промоција и заштита на човековите права беше успешна затоа што дечињата преку цртање ги искажаа научените права! 

Им искажуваме огромна благодарност на Директорката на ООУ Страшо Пинџур Сузана Андонова и наставничката Валерија Ручкоманова.

Направи чекор, сознај ги своите права!, претставува акција која има за цел промоција и актуелизација на човековите права , како и механизмите за заштита на човековите права. Пораката на оваа акција е: Земајќи во обзир дека сите ние се раѓаме еднакви со основното право за живот од тоа произлегуваат сите други права кои се клучни за наше интегрирање во општеството. Ова повлекува битен сегмент од нашата обврска како граѓанин а воедно и правата кои се наметнуваат со тоа. Пораката која треба да биде пренесена е дека човековите права се едни од најважните алатки за секојдневно живеење и творење во заедницата. Со преземање на обвсрка и само еден чекор за измени може да се увидат големи промени кои се битни за секој еден граѓанин дел од од оваа општество. Промоцијата и заштита на Човековите Права се само почеток од едно поглавје кое може да биде длабоко проучувано и промовирано од сите нас.




































































No comments:

Post a Comment