Средношколско организирање и учество 07.05.2015

Методологијата на работа која ја нуди МОФ за креирање на средношколска заедница се базира на идејата за отвореност, инклузивност (вклученост и мотивирање на незаинтересираните), репрезентативност и транспареност на процесот на подготовка. Ваквиот пристап ќе овозможи дефинирање на реалните проблеми и потреби на средношколците.
Оваа иницијатива има за цел да ги исполни следните цели:
  1.  Креирање на преставничко тело на сите претседатели од класовите, генерација и училиште
  2. Зајакнување на капацитетите кај средношколците и нивните познавања со темите за средношколско организирање
  3.  Овозможување неформално образование, тренинг, обука и развој на вештини кај учениците
  4. Зголемен ангажман на учениците во помагање на средното училиште;
  5.  Претставување на потребите и интересите на средношколците
  6.  Вклучување на учениците во носењето одлуки на средношколско ниво
  7.  Зголемена комуникација меѓу учениците и администрацијата во средното училиште
  8.  Промоција на плурализам во средношколсо здружување и организирање

Во процесот е предвидено вклучување на сите засегнати страни (претседатели на класови, професори и училишната администрација). Како алатка ќе бидеат користен концептот на работни групи.МОФ и СОУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе соработуваат со цел да овозможат непречена и успешна реализација на активностите во проектот “Локална младинска иницијатива- Јакнење и унапредување на средношколското организирање“ и други активности, организирани, осмислени и спроведувани од Младински образовен форум.

За повеќе фотографии погледнете ја фб страната: ЦРОР/CRSD





No comments:

Post a Comment