Сите ние сме родени слободни и еднакви

Сите ние сме родени слободни и еднакви



Ова е доста познато правило.Сите сме родени еднакви и слободни.Сите го вдишуваме истиот воздух, сакаме да сме среќни, ни треба љубов, ни треба храна, вода да би го преживеале денот.Има доста работи кои се практикуваат на оваа денешница, спротивни од погоре наведените.

Непочитување, мразење, повредување, уништување се наоколу?! Сите сакаме подобро утро, здрав живот и здрава планета, а истовремено не почнуваме со никакви промени кои ни се потребни.

Немој да го правиш тие промени за никој друг, освен 
себе.Сигурна сум дека сакаш твоите деца да имаат 
праведен и достоен живот.

Верувам дека човекот е добар.За мене не постои грев,
 само бавна еволуција.Како чекориме по нашата животна
 патека ние грешиме, постојано и често.Но, тоа се нашите
 лекции, учиме од нив. На крајот на краиштата, ние
 сфаќаме и разбираме дека можеме да го промениме она 
што доаѓа и она што ќе биде.Слободата ќе не следи и ќе 
биде нашиот лидер.

Со нашите слободни идеали ќе се потрудиме да ги 
поправиме грешките од минатото.Се надевам дека 
повеќето луѓе размислуваат како мене.Така заедно би 
биле посилни, помоќни кон промената на светот во
 подобар правец.

Светот е во нашите дланки!!


Напишано: Дејана Јорданова


No comments:

Post a Comment