Човекови Права
Човековите права се наша сопственост која ја добиваме
заедно со новиот живот. Еднакви доаѓаме на овој свет па со самото наше
зачекорување имаме подеднакви потенцијали, можности и права кои би ги насочиле
во есенцијалните насоки.
Од исклучително значење се взаемните односи и
кохезијата во општествата, нашите улоги и нашите остварувања, меѓутоа пред се
ние сме луѓе, пред правото нема да ја разликуваме бојата на кожа, надворешната
појава или државата во која се наоѓаме.
Потребно е да ја имплементираме нивната
употреба при расудувањето и санкционирањето во секој сегмент од животот. Исти
нешта пулсираат во нашите гради, делиме слични или пак различни ставови, даваме
различни солуции на кои сите имаат право да се изјаснат.
Човековите
права не се час по историја, не се само
зборови на хартија, не се говори или
пак реклами тие се
изборите кои правиме секој ден како човечки битија
одговорностите кои ги делиме за да се заштитиме,
почитуваме и помогниме. Не
аплицирајте за вашите
права, не ги барајте во семејното наследство, тие се
ваши
и никој го нема правото да ги одземе од вас или да
ги скрати во било какви
рамки.Ако живеат во малите агли
на нашите домови или пак во нашата околина а
сепак
претставуваат универзум за поединците тие имаат
огромно значење било
каде. Сите еднакви, сите луѓе!
Напишано: Анета Трајкова
No comments:
Post a Comment