Со
самиот чин што стануваме жители на планетата земја,нашиот живот е загарантиран
со триесетте Човекови права. Тие се унифицирани и универзални права кои важат за
секој поединец без исклучок и самите придонесуваат за поздрав посреќен и живот
со можности,никогаш помали од човекот до нас.Како наша задача,пред нас стои
интегрирањето на истите во нашето модерно општество и пред се
почитувањето,затоа што затоашто толеранцијата и почитта на овие права во
социјалниот живот е како бумеранг кој се одбива од нашите сожители и се враќа
по наши плеќи.Да го направиме нашиот соживот онаков каков што заслу҅҅жваме ние
и еден ден нашите деца,да бидеме самосвесни за привилегијата која ја уживаме
денеска и колку всушност правиме за да ја оправдаме.
Ние самите сме иднината на нашата држава и
на плеќи ни е оставена и доверена демократијата која самите ќе мораме да ја
доградиме,а што е демократијата без основните човекови права.Ние самите
вдахнати со ентузијазам за постигнување на подобро утре за нас и за сите оние
околу нас сме пионери кои шират меѓусебно почитување и вклучување на Човековите
права во нашето секојдневие.Денешната младина е архитектурата на нашите идни
споменици,а она што ќе го изградиме треба да биде достојно за почит и свет во
кои ќе стоиме обединети со своите разлики.
1.Сите ние сме родени слободни и еднакви
Секој ден светот станува нов дом на нови 489,600 жители.А сите тие со самиот
чин на раѓање,се здобиваат со правото дека се родени слободни и еднакви пред
светот.Со тоа луѓето добиваат и обврска да ги третираат сите други според
според морални и разумни принципи,со цел да го добијат истиот
тртман.
2. Стоп за дискриминацијата
Природата на дискриминацијата во 21ви век е може да биде најразновидна.Основите
за дискриминирање се многу ,,креативни,, и секојдневно претставуваат причина за
раздор помеѓу илјадници,милиони луѓе во светот.За да ја запреме
дискриминацијата треба да почнеме од себеси затоа што никогаш не треба да се
сомневаме во мала група на посветени граѓани и нивната моќ за промена на светот-всушност
сите големи промени започнале оттаму.
3. Право на живот
Право на живот како едно од најосновните Човекови права во денешно време
милиони луѓе не го уживаат во безбедна и здрава околина.
4. Ропство
Никој нема прво да не направи нас свои робови,исто како и ние што немаме право
да имаме свои робови. Секој е роден слободен и еднаков со сите останати а
ропстсвото е омаловажување на сето тоа.
5. Тортура
Никој не право да не измачува или да врши директна тортура врз нас или било
која друга индивидуа.Иако ова е едно од основните Човекови права,сеуште
секојдневно сите ние сме сводоци на прекршување на истото.
6. Сите имаме право на користење на законот
Законот е овде да им служи на сите поеднакво и да се погрижи да израснеме во
една заедница во која ќе ја најдеме нашата сигурност.Законот можеме да го
гледаме како една моќна алатка која ни ја дава нашето општество за да го
искористиме кога така ќе налага ситуацијата.
7. Сите сме заштитени со законот
Согласно со тоа дека сите имаме право да го користиме законот,сите ние како
прпадници на оваа општество сме заштитени со законот.Имаме право на фер судење
и со тоа се наметнува законска обврска на соодветните органи да реагираат
правично во ситуација во која имаме потреба за заштита со закон.
8. Сите сме невини додека не се докаже спротивно.
Кривичното право е деликатен дел од нашата демократија и со внимателност и
прецизност се бара да се однесува со нас,кога пред нас стои обвинение за
направен прекршок.Без разлика за сериозноста за направеното кривично дело со
кое се соочуваме,сите сме невини додека не се појават неоспорни докази кои го
тврдат спротивното.
9. Слобода на говор
Иако во оваа модерно општество на 21 век слободата на говор е
загарантира,сеуште ова е право кое само по себе повлекува многу конци.Дадената
моќта на говорот и правото да ја употребиме ни го гарантираат нашето право да
се изразуваме каде сакаме и кога сакаме според наши стандарди без да бидеме
осудувани,но примената на оваа право зависи исклучиво од нас.
10. Право на брак
Право кое е неоспорно во било кое општество,религија или социјални
кругови.Ексклузивно право кое ни ја гарантира можноста и право на брак со
партенр по наш избор.
No comments:
Post a Comment