Стоп за дискриминацијата

Стоп за дискриминацијата 
Живееме во свет каде дискриминацијата претставува секојдневие, без разлика дали станува збор за дискриминација на цело едно општество, група на ѓраѓани или поединеци. Бидејќи живееме во демократско општество би требало сите да бидеме исти, но тоа е замисла, теоретско изкажување, но во пракса е сосема спортивно. Сите сме луѓе, сите имаме свои особености, квалитети и недостатоци. Секој е уникатен и по нешто се разликува од другите, но дали поради ова некој треба да биде изложен на дискриминација? –Секако дека не. Сите не грее едно исто сонце, сите сме дел од иста природа, па според тоа би требало сите да имаме исти права.  


    Секој има право на свој избор, своја слобода, свој живот, без разлика на пол, раса, боја на тен, религија, политичка определба, финансиска моќ и сл. Колку пати сме биле сведоци на некој неубав настан каде некој поради некои свои недостатоци бил изложен на дискриминација од другите? Некој кој бил многу сиромашен за да ја има моќта на неговите пријатели, но всушност многу побогат од севкупната нивна моќ. Дали нешто сме направиле во тој момент? Дали сме посегнале по неговата рака да му помогнеме да стане или пак сме го оставиле осамен и безпомошен да седи? Зошто да не дадеме можност на секого да го искаже своето мислење, својот став без да биде осудуван или исмејуван од  другите?

Мораме да научиме да кажеме СТОП ЗА ДИСКИРИМИНАЦИЈАТА, стоп за неправилностите и невистините. Да им помогнеме на оние на кои им треба нашата помош, да им дадеме поддршка, љубов, топлина.  Да се потрудиме правилното да го заземе своето вистинско место.  Да се потрудиме да имаме подобро општество и поубаво утре.


Напишано: Зорица Капетанова

No comments:

Post a Comment