Никој неможе да ти ги одземе човековите права...

Никој неможе да ти ги одземе човековите права...     


uБезмислениот дел од животот се потпира врз смислата на разумот.Вековието зема поткрепа од длабинската слика на постоењето.Апсурдноста го привлекува човека,како мамка од невозможни вредности.Но не секој би се пронашол во заплетот на реалното.

uСекое ново утро,триумф на постоењето!Делче од реалноста прошарува низ тебе.Но малку е овој лист хартија да ги изнатрупам и образложам оние блескави вредности во мене,да ги запишам...Едноставно да ја исчистам душата...

u Она реалното со кое се среќаваме секојдневно во животот,културата,традицијата,обичаите..Се отсликува вредноста на зборовите,бојата на душата,стилот на способноста и изразот на поетското лице.

uНародот како еден и единствен познавател на вистинската корица на една книга,ги отсликува,опејува реалните замави од овој живот.

uБез јазик нема идентитет!Без идентитет нема нација!Се одделуваме како мала,но посебна земја,истакната на свој начин.Секое битие има свој отскок на доблеста.Блесокот произлегува од искрениот чекор,подаден кон семоќниот куп на позитивисти.Се така како море без брег,време без часовник...Се се тркала,поминува и пак се враќа...

uСекој човек се движи по својот конец,се потпира врз својот став,подава рака до таму каде може секој прст да го вклопи.Животната трака е една.При самиот крај,во степенот на изчезнување..како и да не постоела.Никој неможе да го пресече твојот замав,да ти го задржи здивот,да ги избрише твоите траги.Никој и ништо не би било посилно од сопствената желба и упосност.

uЧовека еднаш се раѓа,само еднаш прелистува низ страните на светлосниот свет.Само еднаш се запознава со вистинската смисла на зборот:,,Јас можам!”.Секој може,секој умее.Но не секој гледа со исти очи.Пружи шанса секому,ислушај го секого.Човековото право е жар во пеплта.Жари со својата цел,гори во јамата на правдата.


Напишано: Памела Арсова




No comments:

Post a Comment