Слобода на мислата
Постојат две добри
работи во животот: слобода на мислата и
слобода на акцијата…
Сомерсет Могам
Сомерсет Могам
Сите ние со самото наше раѓање, како поддршка во првиот чекор
низ вратата која не носи во животот, ја носиме слободата. Белег кој сите не
поврзува и не прави еднакви. Дел од таа голема, најпосакувана слобода е
слободата на мислата.
Секој
од нас има право и должност да ја искаже својата мисла, свото сфаќање и да ни
го покаже неговиот хоризонт низ отворениот прозорец на животот. Секој од нас
знае што е правилно за него и некако успева да се избори за тоа. Ние сме овде
да се сослушаме едни со други, да си помогнеме кога тоа е најпотребно, но
никогаш не смееме да дозволиме нашата мисла да стане роб или жртва на некое
туѓо размислување. Нашата слободна мисла претставува птица која може да се
вивне до големи височини, да ја види големината на светот и да успее да го
сфати животот. Претставува една наша водилка низ сите лавиринти и некогаш
безизлезни ситуации.
Со слободата на мислата ние всушност му даваме слобода на
нашето срце и не му поставуваме никакви ограничувања на нашиот разум. Имаме
право да го искажеме она што го мислиме, а никој нема право да се вмеша во
нашето размислување и да се обиде да го промени, се додека ние не го одобриме
тоа.
Сепак, „Ако твојата слобода повредува други не си слободен“ – Свами
Вивекананда...
Напишано: Павлинка Ристова
No comments:
Post a Comment