Настан на средношколската заедница 11.05.2015

Младинската Организација на СОУ „Св.Кирил и Методиј“ - Неготино, во рамките на традиционалниот Отворен ден на училиштето, на датум 11.05.2015 година, постави свој штанд на кој вршеше промоција на Организацијата и на своите активности на учениците од училиштето, како и на гостите на Отворениот ден - идните средношколци во нашето училиште.
Членовите на средношколската заедница, на учениците и професорите им поделија беџови, тефтери, пенкала и брошури, а исто така ги изложија и фотографиите од минатогодишниот конкурс за најдобро селфи со професор. Дополнително на сите заинтересирани им беа презентирани детално активностите на Организацијата во текот на една учебна година и како може да се вклучат во истата.
Промоцијата на Младинската Организација на Отворениот ден беше овозможена од Проектот на МОФ и ФООМ за средношколско организирање и учество во Република Македонија, како и од нашата организација, Центарот за регионален одржлив развој.

За повеќе фотографии погледнете ја фб страната: ЦРОР/CRSD




\

No comments:

Post a Comment