Локалниот Младински Совет на Општина Неготино одржа јавната трибина која беше со цел Локалниот Младински Совет јавно да се претстави.
Почетокот на јавната трбина беше во 19:30 часот во Собраниската сала на Општина Неготино на која кординаторот на проектот Емилија Андонова ги презентираше реализираните активности во склоп на советот и неговото формирање, беше одржан поздравен говор од председателот на Советот на општина Неготино Јорде Паунов, а претседателот на Советот на млади Ивона Атанасова и секретарот Ѓорѓи Јованов ги запознаа младите со органите на работа и акциониот план.
Следејќи ги принципите на современо работење на младите беше одржана и AFTER PARTY на која младите лица се дружеа заедно и имаа можност сите заинтересирани страни да се вклучат во дискусија со нови предлог идеи за натамошно работење!!!
Забавата на Младинскиот Совет со лицата кои биле присутни на јавната трибина продолжуваше во CITY CAFE а на сите кои присуствувале на трибината им беа доделени купончиња за БЕСПЛАТЕН ПИЈАЛОК ВО CITY CAFE!!
Им благодариме на сите за својот придонес во овој настан и ги покануваме сите заинтересирани лица да се вклучат во Советот или да предложат свои идеи на следната мејл адреса: mladinskisovetng@gmail.com
Фотографиите се направени од Стефан Ристовски
За повеќе фотографии погледнете ја фб страната: Младински Совет на општина Неготино
No comments:
Post a Comment