На седницата присуствуваа:
- Емилија Андонова, локален координатор на проектот „Развој на локално младинско учество и локални младински политики во 12 општини“ на МОФ и ЦИД, поддржан од ИПА програмата на Европската Унија
- Стефан Андонов, претставник на Младинската Организација при СОУ„Св.Кирил и Методиј“ – Неготино
- Томислав Насков, претставник на Здружение на граѓани „Центар за регионален и одржлив развој“ – Неготино
- Дејан Пановски, претставник на КУД „Ацо Ѓорчев“ – Неготино
- Анета Трајкова, претставник на Локален центар на Здружение на граѓани „Младински Образовен Форум“ – Скопје
- Тоде Мицов, претставник на Навивачка група „Винари“ – Неготино
- Ивона Атанасова, претставник на Општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ – Неготино
- Мите Јаначков, претставник на локален медиум „Неготино-инфо“
- Кристина Тодорова, претставник на Здружение на граѓани „Ековита“ – Неготино
- Ѓорѓи Јованов, претставник на Планинарско друштво „Антигонеа“ - Неготино
- Никола Богески, претставник на Локален клуб на Социјалдемократската младина на Македонија – Неготино
- Јордан Лазов, претставник на Клуб на млади на Општинската организација на Црвен крст – Неготино
По гласањето на дневниот ред беа избрани и раководните тела на Советот на млади од општина Неготино и тоа:
Претседател - Ивона Атанасова
Секретар - Ѓорѓи Јованов
Благајник - Томислав Насков
Соработник за односи со јавноста - Јордан Лазов
За координатор на работната група за образование и наука се избра Стефан Андонов, едногласно.
За координатор на работната група за екологија се избра Кристина Тодорова,едногласно.
За координатор на работната група за соработка со невладиниот сектор се избра Митко Јаначков, едногласно.
За координатор на работната група за младинска политика и информирање се избра Никола Богески, едногласно.
За координатор на работната група за култура се избра Анета Трајкова, едногласно.
За координатор на работната група за поддршка при вработување се избра Дејан Пановски, едногласно.
За координатор на работната група за спорт се избра Тоде Мицов, едногласно.
Беше договорен и настан за промоција на формираниот Совет на млади од општина Неготино кој ќе биде реализиран наредна недела со цел да бидат запознаени сите млади лица од Неготино за работата на советот како и да можат да се вклучат со свои идеи и поддршка за идните прокети.
Сите фотографии се направени од Тијана Ефремова!
За повеќе фотографии погледнете ја фб страната: Младински Совет на општина Неготино
No comments:
Post a Comment