Формиран Совет на млади во општина Неготино 08.05.2015

Во Неготино беа избрани 11 претставници на Локалниот Младински Совет
Избраните претставници поднесоа соодветна документација до Совет на општина Неготино каде по разгледување на Комисијата беа и избрани. Им честитаме на:
Стефан Андонов
Младинска организација при СОУ„Св.Кирил и Методиј“
Томислав Насков
Здружение на граѓани Центар за Регионален Одржлив Развој
Анета Трајкова
Младински Образовен Форум – МОФ
Мите Јаначков
Медиум - Неготино Инфо
Јордан Лазов
Клуб на Млади при ООЦК Неготино
Ѓорѓи Јованов
Планинраско друштво АНТИГОНЕА Неготино
Кристина Тодорова
Здружение на граѓани ЕКОВИТА
Никола Богески
Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ)
Ивона Атанасова
Унија на Млади Сили – ВМРО ДПМНЕ – Неготино
Дејан Пановски
КУД Ацо Ѓорчев - Неготино
Тоде Мицов
Навивачка Група ВИНАРИ – Неготино
Младите лица од здруженијата на млади, ученичките совети и други регистрирани облици на организирање на младите кои учествуваа во Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“,кој беше спроведен од страна на Младински Образовен Форум и Центарот за Меѓукултурен дијалог во партнерство со 12 општини од Македонија меѓу кои е и општина Неготино и е финансиран од Европската унија, до Советот на општина Неготино во согласност со Статутот на општината, поднесоа иницијатива за избор на нови членови на Советот на млади на општина Неготино кој претставува претставничко тело на младите од општина Неготино и кое вклучува претставници од граѓански организации, културни уметнички друштва, помладоци на политички партии, претставници од преседателството на училишните заедници и други форми на младинско организирање.
Доколку имате некоја сугестија, идеја, визија за младите во Неготино може да го контактирате Младинскиот Совет на следната мејл адреса со доставување на свој предлог за активност која би можела да се реализира во склоп на Советот: mladinskisovetng@gmail.com

Младински Совет на општина Неготино фб страна


No comments:

Post a Comment