Младите волонтерки од ЦРОР уште еднаш покажаа дека во нивните срца секогаш има место за волонтерство, активизам и споделени насмевки. Софија Илиевска член на дебатен клуб и асистент на медиа арт клуб и Надица Димова член на дебатен клуб беа во посета на Дневниот Центар ПОРАКА да им помогнат на корисниците вклучени во компјутерската работилница, работејќи со нив на основни математички поими, учење букви, препознавање животни.
Сакаме да се заблагодариме за нивната помош и ентузијазам, а особена благодарност до американскиот волонтер Брајан за соработката, како и целиот тим од Дневниот центар кој ги поддржува овие активности.
За повеќе фотографии погледнете ја фб страната: ЦРОР/CRSD
No comments:
Post a Comment