Младите во нашиот град немаат доволно можност да се изразат, дали преку пишување на текст или други алатки за изразување. Со овој настан сакаме да ги активираме младите нивните мисли да ги пренесат на лист хартија.
Целта на овој настан е да ја развиеме креативноста кај младите, да ги поттикнеме да ги искажат своите мисли и чувства, да ја разбудат својата фантазија а воедно и да се поттикне желба да го изразат својот став кон нештата.
Кажаното се заборава, пишаното останува.
Она што го мислиш и чувствуваш доколку го пренесеш на лист хартија може да има големо влијание на читателот, да го промени своето мислење а воедно и начинот на кој го гледа светот.
Настанот е дел од завршниот чин на Медиа АРТ клуб - МОФ од Неготино како резултат на модулот за работа на кој работеа членовите на медиа арт клубот 3 месеци.
ЗАСЛУГИ
Артикли:
Верица Тасева, Ивона Атанасова, Софија Илиевска, Никола Ручкоманов, Стефан Андонов, Вероника Николова, Кристина Николова
Дизајн и теничка обработка:
Стефан Ристовски
Координатор на Медиа АРТ - МОФ клуб Неготино
Емилија Андонова
Целото списание сите заинтересирани лица кои не го добија во хард копи верзија може да го погледнат ОВДЕ.
За повеќе фотографии погледнете ја фб страната: ЦРОР/CRSD
No comments:
Post a Comment