Волонтерска акција-Разбуди се во боите на летото 27.06.2015


Една координаторка на МОФ центар Неготино - Емилија Андонова, три координаторки на волонтерска акција - Ивона Атанасова, Надица Димова, Софија Илиевска, двајца асистенти на акцијата - Стефан Андонов и Томислав Насков, тројца вклучени вработени од Дневен Центар за лица со ментален хендикеп ПОРАКА - Елизабета Ристова, Верица Ташева, Brian Fitzpatrick (волонтер од Мировен Корпус), 18 волонтери од ЦРОР и повеќе од 25 среќни срца од ПОРАКА.

Една заедничка цел:

- вклучување активно на лицата со ментален хендикеп за стекнување искуство со нив преку еднодневно дружење и едуцирање

- реновирање на ентериерот во дворот на дневниот центар


За оваа цел имаме подготвено многу едукација и многу дружба.

Целата иницијатива е направена поради летниот период кој доаѓа и потребата на корисниците да бидат постојано надвор да изведуваат спортски активности и дружба во дворот на центарот. Секој инвентар има потреба од реновација а поради попреченоста на корисниците на овој центар има потреба и за зголемени бои и видливост на истите сметаме дека оваа акција ќе донесе многу насмеани лица кај корисниците и секако иќе го измени целиот изглед на дворот и игралиштето како и дел од собата во која се изведуваат обуките со компјутери.

Од големо значење за младите од Медиа АРТ клубот претставува соработката која досега ја имавме со Дневен Центар за лица со посебен хендикеп ПОРАКА" – Неготино и денешниот настан претставува навистина голем чекор за двете наведени страни бидејќи е волонтерска акција наменета за реконсрукција и фарбање на игралиштето и дворот дел од овој центар. Акцијата се спроведува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. 

Благодарни сме на секој волонтер кој денес допринесе оваа акција да се реализира во најдобро светло, благодарни сме на секоја насмевка која ја видовме на лицата на корисниците и секако благодарни сме за добиените резултати. Ние денес покажавме дека сме сите едно! :)

Фотографиите се направени од: Софија Илиевска, Надица Димова, Менче Јанчева, Brian Fitzpatrick, Стефан Андонов, Вероника Николова, Мите Јаначков

За повеќе фотографии погледнете ја фб страната: ЦРОР/CRSD











No comments:

Post a Comment