Футсал натпревар - НМСМ иницијативи во Неготино

Националниот Младински Совет на Македонија 
Во соработка со 40 младински организации од цела Македонија организираа 40 различни обуки за младински активизам заедно со организациите од тие градови. Целта на овие обуки е поттикнување на јавната свест кај младите за проблемите кои постојат на локално ниво и преку реализирање на иницијативи донесување на решенија. 
Во Неготино ментор организација беше Центар за Регионален Одржлив Развој која овозможи две дводневни обуки за учесниците од општина Неготино вклучувајќи 22 учесници средношколци. На овие обуки учениците беа запознаени со процесот како се функционира на локално ниво за спровдување на иницијативи и изготвија предлог проекти за истите. Воедно предлог проектите за иницијативите беа разгледани од Национален Младински Совет и Британска Амбасада која го поддржува овој проект и беа прогласени за успешни. 

Четвртата активност беше Футсал натпревар одржан во Спортската сала на СОУ Кирил и Методиј во Неготино каде младите од 4 различни групи составија тимови и се натпреваруваа во мал фудбал. Воедно прво играа тимот ЦРВЕН КРСТ против ТЕМЕЛКОВИ, а потоа ЦВАЈ БОЈС против БОБ МАРЛИ. Во финалето се натпреваруваа ЦРВЕН КРСТ против ЦВАЈ БОЈС, и победници беа ЦВАЈ БОЈС. Како мотивација за учесниците ќе биде доделен пехар на завршната церемонија од овој настан за победничкиот тим. Воедно стрелец на натпреварот беше Кирил Јанчев кој доби и нагада за постигнатите голови. Воедно целиот турнир беше проследен од стотина млади од Негоитно кои навиваа и ги поддржуваа сите тимови.

Учесниците од иницијативата ЗДРУЖЕНИ ДА ПОСТИГНЕМЕ оставија битен белег денес за сите млади во Неготино дека само заедно можеме да постигнеме многу.

Двете иницијативи се поддржани од општина Неготино која ќе помогне во реализацијата на следните активности заедно со НМСМ.

Настанот кој беше креиран на фб: фб настан
За повеќе фотографии посетете ја нашата фб страна: CRSD FB Page






No comments:

Post a Comment