Националниот Младински Совет на Македонија
Во соработка со 40 младински организации од цела Македонија организираа 40 различни обуки за младински активизам заедно со организациите од тие градови. Целта на овие обуки е поттикнување на јавната свест кај младите за проблемите кои постојат на локално ниво и преку реализирање на иницијативи донесување на решенија.
Во Неготино ментор организација беше Центар за Регионален Одржлив Развој која овозможи две дводневни обуки за учесниците од општина Неготино вклучувајќи 22 учесници средношколци. На овие обуки учениците беа запознаени со процесот како се функционира на локално ниво за спровдување на иницијативи и изготвија предлог проекти за истите. Воедно предлог проектите за иницијативите беа разгледани од Национален Младински Совет и Британска Амбасада која го поддржува овој проект и беа прогласени за успешни.
Првата активност беше флешмоб каде младите ја подигнаа свеста кај граѓаните со напишаните постови каде поминуваа низ градскиот плоштад и пазар и преку замрзнати слики оставија пораки за граѓаните од општина Неготино дека здружени младите можат да постигнат многу. Учесниците од двете инциијативи ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ДА ПОСТИГНЕМЕ & НА МЛАДИТЕ ИМ ТРЕБА ПРОСТОР оставија битен белег денес за сите млади во Неготино дека само заедно можеме да постигнеме многу.
Двете иницијативи се поддржани од општина Неготино која ќе помогне во реализацијата на следните активности заедно со НМСМ.
Изработеното видео за овој настан: видео
За повеќе фотографии посетете ја нашата фб страна: CRSD FB Page
Објавата на Неготино инфо портал: Неготино Инфо
No comments:
Post a Comment