НМСМ иницијативи_Завршна церемонија и изложба

#youthengagementmk
Националниот Младински Совет на Македонија 
Во соработка со 40 младински организации од цела Македонија организираа 40 различни обуки за младински активизам заедно со организациите од тие градови. Целта на овие обуки е поттикнување на јавната свест кај младите за проблемите кои постојат на локално ниво и преку реализирање на иницијативи донесување на решенија. 
Во Неготино ментор организација беше Центар за Регионален Одржлив Развој која овозможи две дводневни обуки за учесниците од општина Неготино вклучувајќи 22 учесници средношколци. На овие обуки учениците беа запознаени со процесот како се функционира на локално ниво за спровдување на иницијативи и изготвија предлог проекти за истите. Воедно предлог проектите за иницијативите беа разгледани од Национален Младински Совет и Британска Амбасада која го поддржува овој проект и беа прогласени за успешни. 

Последната активност беше завршна церемонија и изложба во желкова куќа каде присуствуваа 40 млади лица, од кои 22 беа иницијаторите на овие иницијативи, додека пак останатите присутни беа учесниците во креативните работилници организирани во склоп на овие инцијативи, како и победниците на мини футсал турнирот „Заедно да постигнеме“. На настанот беа презентирани на кратко и концептите на иницијативите од страна на лидерите на истите. После тоа, Градоначалникот, Ванчо Апостолов и Претседателот на ЦРОР, Емилија Андонова, ги поздравија иницијативите и ги доделија сертификатите на учесниците во иницијативите, додека пак на победниците на турнирот им доделија пехар и сертификати. Градоначалникот Апостолов им се заблагодари и им честита на младите иницијатори за прекрасните иницијативи кои тие сами ги испланираа и реализираа, под менторство на Центарот за регионален одржлив развој. На крајот од овој настан присутните ги погледнаа делата кои се резултат на креативната работилница одржана како дел од иницијативите.

Иницијативите „Заедно да постигнеме“ и „На младите им треба простор“ беа реализирани оваа недела на различни места во Општината. Како дел од иницијативите се организираа: флеш моб перформанс, тркалезна маса на младинските организации, креативна работилница, футсал турнир, украсување на јавен простор – „Шарен кеј“ и овој завршен настан. Иницијативите се спроведени од страна на млади неготинци, под менторство на ЦРОР, а пак се поддржани од Националниот Младински Совет на Македонија и Општина Неготино.

Учесниците од иницијативата ЗДРУЖЕНИ ДА ПОСТИГНЕМЕ оставија битен белег денес за сите млади во Неготино дека само заедно можеме да постигнеме многу.

Двете иницијативи се поддржани од општина Неготино која ќе помогне во реализацијата на следните активности

Објавата на КТВ вести: КТВ

Објава на Неготино инфо:Неготино Инфо

За повеќе фотографии посетете ја нашата фб страна: CRSD FB Page







No comments:

Post a Comment