Квалификации во дебата за Почетнички Дебатен Турнир '14

Квалификации во дебата за Почетнички Дебатен Турнир '14

На 11.12.2014 година во СОУ СВ. Кирил и Методиј беа оддржани квалификации во дебата за Почетничкиот Дебатен Турнир 2014 година кој ќе се одржи во Скопје на 19/20/21.12.2014 година. Од секој град каде постои МОФ Дебатен Клуб право ќе имаат да испратат по еден тим. Од Неготино денес беа избрани 6 најдобри говорници кои ќе формираат два тима и ќе ги претставуваат двата клуба кои постојат во нашиот град односно Дебатен Клуб - во МОФ центар Неготино во склоп на организацијата ЦРОР и Дебатен Клуб - во СОУ СВ. Кирил и Методиј Неготино. Ги охрабруваме останатите да продолжат со убавата работа и секако нели да се пријават за следните турнири кои ќе се реализираат во 2015 година.
На овие квалификации судеа: Емилија Андонова координатор на МОФ центар, Стефан Андонов предавач на Дебатните клубови, Стефан Ристовски и Томислав Насков асистенти на МОФ Дебатните Клубови, Димитри Самандов и Благоја Тодоровски заменик асистенти во Дебатните Клубови. Им благодариме и на ЕВС волонтерите Ахмет Оздилек и Илариа Марангон за направените фотографии
За повеќе фотографии посетете ја нашата фб страна: CRSD FB Page








No comments:

Post a Comment