Националниот Младински Совет на Македонија
Во соработка со 40 младински организации од цела Македонија организираа 40 различни обуки за младински активизам заедно со организациите од тие градови. Целта на овие обуки е поттикнување на јавната свест кај младите за проблемите кои постојат на локално ниво и преку реализирање на иницијативи донесување на решенија.
Во Неготино ментор организација беше Центар за Регионален Одржлив Развој која овозможи две дводневни обуки за учесниците од општина Неготино вклучувајќи 22 учесници средношколци. На овие обуки учениците беа запознаени со процесот како се функционира на локално ниво за спровдување на иницијативи и изготвија предлог проекти за истите. Воедно предлог проектите за иницијативите беа разгледани од Национален Младински Совет и Британска Амбасада која го поддржува овој проект и беа прогласени за успешни.
Втората активност беше тркалезна маса одржана во Желкова Куќа во Неготино каде младите од различни организации за млади и младински организации (претсавници од Центар за Регионален одржлив развој, претставници од МОФ центар, црвен крст, Куд Ацо Ѓорчев, ученици од ОУ Гоце Делчев, претставници од Младинска организација при СОУ Кирил и Методиј) дискутираа за локалните младински проблеми за работата на млаиднско ниво на младте и организациите каде тие членуваат како и за потребата за форимирање на еден заеднички простор за младите каде тие би се здружиле и заедно би реализирале свои идеи. Идејата која произлезе од младите е дека во Неготино постои потреба од формирање на еден Младински Културен Центар кој би им сужел на младите за секојдневна едукација, подигнување на јавната свест за потребите на младите како и информативна точка за активносите кои би биле поврзани со младите. На крај младите заеднички испланираа настан кој би го предложиле до Иницијативниот одбор за формирање на Локален Младински Совет и заеднички би реализирале нешто кое би оставило поголем белег врз младите кои се засегнати од постоење на ваков простор.
Учесниците од иницијативата НА МЛАДИТЕ ИМ ТРЕБА ПРОСТОР оставија битен белег денес за сите млади во Неготино дека само заедно можеме да постигнеме многу.
Двете иницијативи се поддржани од општина Неготино која ќе помогне во реализацијата на следните активности заедно со НМСМ.
За повеќе фотографии посетете ја нашата фб страна: CRSD FB Page
No comments:
Post a Comment