Шарен кеј - НМСМ иницијативи во Неготино

Националниот Младински Совет на Македонија 
Во соработка со 40 младински организации од цела Македонија организираа 40 различни обуки за младински активизам заедно со организациите од тие градови. Целта на овие обуки е поттикнување на јавната свест кај младите за проблемите кои постојат на локално ниво и преку реализирање на иницијативи донесување на решенија. 
Во Неготино ментор организација беше Центар за Регионален Одржлив Развој која овозможи две дводневни обуки за учесниците од општина Неготино вклучувајќи 22 учесници средношколци. На овие обуки учениците беа запознаени со процесот како се функционира на локално ниво за спровдување на иницијативи и изготвија предлог проекти за истите. Воедно предлог проектите за иницијативите беа разгледани од Национален Младински Совет и Британска Амбасада која го поддржува овој проект и беа прогласени за успешни. 

Петтата активност беше Настанот „Шарен кеј“ претставува уметничко украсување на јавен простор (ѕидот на гратскиот кеј) кое се одвиваше во недела, 30.11.2014 година, на почетокот на Гратскиот кеј (кај семафорите), со почеток во 12 часот. Воедно целиот настан беше проследен од млади од Негоитно кои ја поздравија оваа идеја и се надеваат на уште многу акции кои се од ваков тип и вклучуваат млади лица.

Оваа уметничка инсталацијабеше реализирана од страна на следниве неготински младински уметници:

Здраве Јанев;
Ивана Николовска;
Никола Ручкоманов,
Ристе Лазаров и
Вероника Николова

Учесниците од иницијативата ЗДРУЖЕНИ ДА ПОСТИГНЕМЕ оставија битен белег денес за сите млади во Неготино дека само заедно можеме да постигнеме многу.

Двете иницијативи се поддржани од општина Неготино која ќе помогне во реализацијата на следните активности заедно со НМСМ.

Настанот на фб кој беше креиран: фб настан

Видеото кое произлезе од овој настан: видео

Објавата на Неготино инфо: Неготино инфо

За повеќе фотографии посетете ја нашата фб страна: CRSD FB Page









No comments:

Post a Comment