Националниот Младински Совет на Македонија
Во соработка со 40 младински организации од цела Македонија организираа 40 различни обуки за младински активизам заедно со организациите од тие градови. Целта на овие обуки е поттикнување на јавната свест кај младите за проблемите кои постојат на локално ниво и преку реализирање на иницијативи донесување на решенија.
Во Неготино ментор организација беше Центар за Регионален Одржлив Развој која овозможи две дводневни обуки за учесниците од општина Неготино вклучувајќи 22 учесници средношколци. На овие обуки учениците беа запознаени со процесот како се функционира на локално ниво за спровдување на иницијативи и изготвија предлог проекти за истите. Воедно предлог проектите за иницијативите беа разгледани од Национален Младински Совет и Британска Амбасада која го поддржува овој проект и беа прогласени за успешни.
Третата активност беше Креативна Младинска Работилница одржана во Желкова Куќа во Неготино каде младите од различни училишта и претставници на организации за млади и младински организации преку креативни цртања и фотографии ја изразија својата креативност во полето на младинскиот активизам. Како производ излегоа голем дел на интересни цртежи кои ќе бидат изложени на изложбата која ќе се одржи во Понеделник во Желкова Куќа.
Учесниците од иницијативата ЗДРУЖЕНИ ДА ПОСТИГНЕМЕ оставија битен белег денес за сите млади во Неготино дека само заедно можеме да постигнеме многу.
Двете иницијативи се поддржани од општина Неготино која ќе помогне во реализацијата на следните активности заедно со НМСМ.
За повеќе фотографии посетете ја нашата фб страна: CRSD FB Page
No comments:
Post a Comment