„Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини “
Координатор и ко-координатор на проектот: Младински образовен форум; Центар за меѓукултурен дијалог
Партнери:Центар за развој на заедницата - Кичево; Центар за одржлив развој на заедницата - Дебар; Аква -
Струга; Младински културен центар - Битола; Фокус - Велес; Регионален центар за одржлив развој - Кратово;
Центар за регионален одржлив развој - Неготино; Регионален центар за застапување - Делчево;
Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е
насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување,кои
најдобро можат да ги идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат и да понудат решенија во
спроведувањето политики за нивно решавање. Проектот е финансиран од Европска Унија (Регионална
ИПА програма).
Цели на проектот:
• Зајакнување на капацитетите на локалните младински структури во Македонија и зголемување на
младинското учество во процесите на донесување на одлуки на локално и национално ниво;
• Воспоставување на формални принципи мна комуникација помеѓу младинските структури и
општините и помаѓање на нивното директно вклучување во процесите на донесување одлуки на
локално ниво;
• Зголемување на младинското учество и активизам преку развој на практики насочени кон
заедницата поврзани со локални младински политики.
Проектот е поделен во неколку фази и вклучува креирање локални младински јадра во 12 општини,
соработка со локалните самоуправи, креирање репрезентативни иницијативни младински одбори во 12
општини, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од
локалната самоуправа.
По основањето, локалните младински совети ќе започнат со работа и со реализација на сопствени
младински локални акции. Локалните младински совети работат на креирање локални младински
стратегии во 12 општини.
За повеќе фотографии посетете ја нашата фб страна: црор/crsd
No comments:
Post a Comment