Школата за активно граѓанство ќе се организира за млади и претставници на граѓански организации или неформални групи, со цел да им обезбеди неопходно знаење и вештини за реализирање граѓански иницијативи. Школата е составена од два дела, кои ќе ги спроведуваат Младинскиот образовен форум (МОФ) и Форум-Центарот за стратегиско истражување и документација.
Во рамки на Школата за активно граѓанство, МОФ одржува обуки за учесници во циклус од четири обуки за младински активизам на следниве теми:
Слобода на здружување;
Младински политики;
Граѓански иницијативи;
Аргументирано изразување.
Обуките се еднодневни и ќе се реализираат во Неготино во викендите 27-28ми септември и 4-5 октомври 2014 година.
За повеќе фотографии посетете ја нашата фб страна: црор/crsd
No comments:
Post a Comment