Обуки дел од НМСМ во Неготино

Во рамките на проектот „Младинско граѓанско образование“ спроведен од Националниот Младински Совет, а финансиран од Британската Амбасада, Центар за Регионален Одржлив Развој ќе спроведе обуки за младинско учество.

На овие обуки младите ќе може да се запознаат со методите на креирање и спроведување на кампања, а по завршувањето на истата ќе имаат за цел да спроведат иницијатива со цел подобрување на нивниот квалитет на живот.
Планирани се две обуки во Неготино и тоа првата на 07-08 Октомври, додека втората на 09-10 Октомври. Работилниците ќе се одржат во канцеларијата на Центар за Регионален Одржлив Развој. Предавач на овие обуки ќе биде Емилија Андонова а како ко тренер на првата обука ќе и биде Сандра Анастасовка од Скопје а на втората Александра Ристова од Кавадарци


За повеќе фотографии посетете ја нашата фб страна: црор/crsd




No comments:

Post a Comment