“Активната младина” во Неготино

  • “Активната младина” во Неготино


  • Да се биде дел од “Активната младина” значи да се биде едуциран, позитивен, ведар, хуман, одличен тимски играч, и секогаш спремен за нови предизвици и авантури. Активните “јангстери” се креативни млади луѓе спремни да се надоградуваат и осознаат себе си. Тие се секогаш расположени да помогнат и да најдат решение за проблемите, и прераснуваат во искусни, одговорни, паметни и снаодливи луѓе. Активниот млад човек нема да го видите како спие до попладне, нема да го видите како седи дома затворен, или пак како пие кафе секој ден, во секое можно кафуле. Активниот млад човек ќе го најдете како прави нешто необично, можеби дели бесплатни гушки, или пак снима документарен филм разговарајќи со пензионерите. Овие млади ќе ги видите како се дружат со лицата со посебни потреби, како несебично им помагаат и им ја пружат својата поддршка. Најчесто, активната младина можете да ја видите во веселото катче на "ЦРОР" . Сигурно изработуваат креативни предмети и шараат постери, или пак изработуваат интересен видео приказ, а можеби и ќе слушнете некој бунтовен глас како дебатира за човековите права. На добар пат сме да направиме позитивни промени, се разбира од коишто ние, младите, ќе имаме бенефиции.



  • Битна е желбата, и енергијата што ја носите во себе. Штом еднаш почнете со волонтерската работа нема назад. Веднаш ќе ја почувствувате разликата, на површина ќе исплива оној активен младелачки дух што се крие во секој еден, и ќе заборавите на пасивните денови со бесцелни муабетења. Ќе бидете нескротливи авантуристи, кои сакаат да патуваат и да запознаваат други култури и различни нации. Ќе ги зголемите своите видици, и ќе откриете нови хоризонти. Вашето време и срце ќе бидат исполнети, а пак вашиот мозок ќе ви биде благодарен. 


    Пишува: Марија Јаневска
    Член на Дебатен Клуб и Клуб за Човекови Права

No comments:

Post a Comment