Конкурс за млади автори

Почитувани писатели и писателки и сите вие кои уживате да пишувате и творите, интересна информација за сите вас: 

Ако сакате да пишувате, или може имате напишано неколку неколку страници од вашиот роман, приказна или неколку песни Центар за Млади Твоја Србија во соработка со нашата организација Центар за Регионален Одржлив Развој започнаа вистински проект за вас!

Литературни Онлајн Инкубатор е единствен проект во регионот, со цел да им овозможи на младите креативен развој во областа на книжевното творештво, преку употреба на современи комуникациски канали - на интернет, апликации и социјални мрежи. Проектот го спроведува Центарот за млади Твоја Србија и е финансиран од страна на Министерството за млади и спорт на РС. Во партнерство се јавува и нашата организација Центар за Регионален Одржлив Развој од Македонија која ќе ги поддржи сите заинтересирани творци! Младите луѓе, преку серија на активирање на веб сајт, апликација за мобилни телефони и таблети, во живо работилници и консултации, мотивирани да ги развијат своите воочливи или скриени таленти за пишување романи, раскази и поезија. 


Сите заинтересирани за учество ќе имаат можност да се регистрираат на сајтот www.onlineink.rs и испратат сви дела. На курсот, учесниците треба да обезбедат најголем број лајкови, бидејќи во изборот влегуваат 10 автори со најголем број гласови. Како награда за нивните напори, проектот обезбедува контакт со издавачите и стручни лица. Сепак, на тројца од најталентираните автори ќе им се даде можност да издавачката куќа Лагуна да го издаде нивниот роман! На овој начин, младите луѓе ќе обезбедат поддршка во развојот на својот талент.
Проектот почнува 25-ти мај и трае до 15 ноември оваа година, и тоа во него може да учествуваат сите граѓани на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија на возраст од 15-30 години, кои досега немаат објавено литературни дела.


Повеќе информации можеш да најдеш на facebook.com / LiterarniOnlineINKubator, а наскоро и на www.onlineink.rs.

No comments:

Post a Comment