Одржана обука за Финансиска писменост за возрасни и млади

Во просториите на Центар за регионален одржлив развој беше одржана обука од страна на Фондација Евроцентар која е и имплементатор на проектот за "Финансиска писменост за возрасни и млади", за младите кои се дел од КЛУБОВИТЕ на ЦРОР. Овој проект е директно насочен кон финансиска едукација на младото и возрасното население во државава и има за цел да ја промовира финансиската писменост, да ја зголеми информираноста и да помогне во градење на вештини кај граѓаните од Македонија за управување со личните финансии.


 Учесниците на работилницата за Финансика писменост се стекнаа со знаење за семеен буџет, финансиски цели, сезоналност на приходи и расходи, итни трошоци, начини на штедење и инвестирање, како да се заштитиме од крадливците на пари, паметно позајмување. Исто така, планирање на пензија, опасности од презадолженост и неплаќање, водење контрола на сопствениот долг, како и бројни алатки за контролирање и управување со личниот буџет.







































No comments:

Post a Comment