Слобода на остварување на личноста во општеството
Човековото однесување се смета за општествено однесување,
бидејќи целото општество во целост зависи од поединците, од кои истото е
составено, впрочем од нивното однесување врз кое првенствено влијаат природните
нагони и рефлекси на поединците.
Почитувањето на мислењето на секој поединец без да се
даде поголема или помала важност на тоа дали се работи за лице кое припаѓа на
мнозинство или помала заедница, значи напредок за граѓаните но секако и за
општеството во целина..
Најважни својства присутни кај поединецот во однос на
индивидуалната слобода на личноста се следните:
- Трудот, слободата и неговата социјабилност – потреба
за дружење;
- Религиски, регионални, професионални, национални и
генерациски определби; и
- Индивидуални својства кај поеднинецот, со кои тој
истиот се разликува од останатите поединци.
За да
се достигне таа идеална состојба мора да се обезбеди слободата за искажување и
преиспитување на
мислењата и желбите. Цел на подобрувањето на поединецот е подобрување на
општеството, зошто колку е повисок степенот на индивидуалност кај поединците
толку е повисок и степенот на цивилизираност на општеството, Притоа човековата
среќа не е насочена кон сопствената среќа, туку кон среќата на другиот и со тоа
на човештвото.
Затоа правото на слободата на изразување го ценам како
многу значајно човеково право од чие постоење или непостоење во голема мера
зависи остварувањето и на други права и слободи, но и на развојот на
демократијата во општеството.
Дејана Јорданова
Член на Медиа АРТ Клуб
Активист и блогер во Клуб за пишување и публикации
No comments:
Post a Comment