Ограничување
на слободата на изразување за да се зачува јавниот ред и мир
Слободата
на говор претставува слободно изразување, односно зборување, без цензура или
ограничување. Слободата на говор како синоним на слобода на изразување укажува
не само на вербален говор, туку на барање, примање и пренесување информации или
идеи. Од моментот на раѓање, од првиот плач, човековото битие макар и
несвесно за себе почнува со
комуникацијата.
Правото на слобода на изразување е вродено во нашето битие е
вродено уште од првиот здив. Тоа е суштински невидлив поврзувач за она што се
наркува слободно општество. Слободата на изразување преставува кислород на
демократијата. Правото на изразување е есенција на демократијата, затоа што таа
неможе да постои без слободна размена на милења и идеи на слободни луѓе. Иако
денес живееме во демократско општество честа појава е насилството.
Без разлика
за каков вид на насилство станува збор
често доаѓа да биде загрозено или ограничено правото на говор, односноо
слободата на иразување. Исто така честа појава е дискриминацијата која се
проследува со омраза. Најчесто дискриминирани се припадници на друга вера,
националност, припадност на социјална група и сл.
Дали некој треба да биде
дискриминиран и да нема право да ги ирази своите мислења, ставови и чувства
само поради тоа е муслиман, католик или православен христијанин? Дали треба
некого да го ограничиме или спречиме да се изрази слободно само поради тоа што
припаѓа онаму каде нас не ни одговара или не ни се допаѓа?
Демократијата претставува
дека од мноштвото гласови, различни мислења и идеи се создава резултантна сила
која го држи општеството во кохезија и го исправува на патот за напредок на
заедницата. Тој пат е крив, исполнет со многу ќори улици, со многу раскрсници и
понекогаш со многу враќања. Доколку не би постоело правото на слобода на
изразување и дебата околу правците на патот, тогаш патот би бил прав. Равенката
е едноставна, колку повеќе разговор, размена на идеи, дебата толку помалку крв
и тиранија.
Зорица Капетанова
Член на Медиа АРТ клуб
Активист и блогер во Клуб за Човекови Права
No comments:
Post a Comment