Говор
на омраза
Распламтените огнови кои
горат уште од античките општества и ги оспоруваат меѓучовековите односи
постојано кулуминираат со акции и дејствија кои не се својствени за народите. Секоја
единка го поседува своето право на слобода за определување на своите верувања
цели и идеали со што самите го избираме својот животен пат.
Нештата кои не раслојуваат и
одделуваат од толпата се оние кои повторно не враќаат во неа облагоденувајќи ја
со разновидност. Никоја особина не е супериорна над човековата, единствените
повици меѓу луѓето би требало да алудираат на сплотеност и прифаќање а личните
аспирации да бидат задоволени со правото на завземање сопствен став. Потребно е
да се евалуираат старите пранги и да се цели кон хоризонтите на напредокот.
Говорот на омраза е прекршок кој се санкционира поради огромната моќ за
манипулација на големите маси.
Постојат разни движења
против говорот на омраза чие единствено оружје е љубовта, несомнено, омразата е
само недостаток на љубов, бидејќи само малку ако погледнеме длабоко во себе ние
сме плодови на љубовта кои и понатаму ќе создаваат. Животните избори кои ги
правиме се оние кои не карактеризираат нас, меѓутоа тргнувајќи
животниот стил па се до придавките кои ги носиме со нас ние сме само луѓе со
единствена желба да просперираме слободно. Да не им се одзема на другите она
што и нам ни треба!
Анета Трајкова
Член и предавач во Медиа АРТ Клуб
Активист и блогер во Клуб за Човекови Права
No comments:
Post a Comment