На 14 и 15 август во Неготино се одржа првиот регионален дебатен турнир „Неготино 2015“.
Во овие 2 дена дебатираа млади средношколци кои се членови на МОФ дебатните клубови во 3 градови: Кратово, Велес и Неготино. На овој турнир учествуваа 18 дебатери, 7 судии кои ги оценуваа нашите дебатери и 4 стафери кои се погрижија турнирот да се одвива во најдобар ред.

Како локација за турнирот е избран манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино како место опкружено со природа и убавина и како средина во која дебатерите можат да се концентрираат на самата теза. Овој турнир имаше 4 рунди од кои 2 беа на веќе зададената теза: „Овој дом би наметнал демократија“, додека другите 2 рунди беа на импромпту тези зададени пред да започне самата дебата.
No comments:
Post a Comment