Регионален Дебатен Турнир - Неготино 2015, Финале

Една приказна со многу доживувања, насмеани лица, стории кои ќе останат запаметени засекогаш и многууу пријателства.

На 14 и 15 август во Неготино се одржа првиот регионален дебатен турнир „Неготино 2015“. Во овие 2 дена дебатираа млади средношколци кои се членови на МОФ дебатните клубови во 3 градови: Кратово, Велес и Неготино. На овој турнир учествуваа 18 дебатери, 9 судии кои ги оценуваа нашите дебатери и 4 стафери кои се погрижија турнирот да се одвива во најдобар ред.

Како локација за турнирот е избран манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино како место опкружено со природа и убавина и како средина во која дебатерите можат да се концентрираат на самата теза. Овој турнир имаше 4 рунди од кои 2 беа на веќе зададената теза: „Овој дом би наметнал демократија“, додека другите 2 рунди беа на импромпту тези кои беа зададени пред да започне самата дебата.

Големото финале на регионалниот турнир се одржа на 15 август (сабота) во собраниската сала на Општина Неготино со почеток во 13 часот. Поканети беа сите заинтересирани да бидат дел од нашиот турнир и заедно гипрогласивме победниците на „Неготино 2015“.
Благодарност до Координаторот на Дебатен клуб Емилија Андонова која овозможи оваа приказна да биде стварност и огромна благодарност до Координаторот на овој Турнир Стефан Андонов без кој овој турнир не би бил совршен како што беше овие два дена.

Исто така се заблагодаруваме на судиите (Стефани, Бојана, Томе, Ванче, Огнен, Петар и Вилдан) и стаферките (Надица, Кристина, Вероника и Менче) за се со кое допринесоа настанот да биде реализиран во најдобро светло.
Дебатери вие ја направивте ова приказна да биде запаметена се гледаме следна година на Неготино 2016 во проширен состав со многу повеќе тимови од регионот.

Целиот настан беше промовиран, како и целосната техничката поддршка беше реализирана од нашиот еден и единствен Стефан Ристовски :)

Фотографиите се направени од Стефан Ристовски а дел од нив од нашиот тим на стаферките ви благодариме што ни ги зачувавте овие спомени :)

Благодарност до општина Неготино за соработката на овој проект.

#Negotino2015
www.crorcrsd.wix.com/neg15

Линк до целосната галерија со фотографии: црор/crsd








No comments:

Post a Comment