Центарот за Регионален и Одржлив Развој како партнер на овој проект учествуваше со 5 лица во Франкфурт Одер, Германија во периодот од 30.01.2015 до 08.02.2015. Проектот е Младинска размена од програмата на Европска Комисија "Еразмус +". Овојпат се истражуваше ледениот свет во овој регион а учесниците имаа можност да го посетат и градот Слубице во Полска. Учесниците уживаа во куглање, лизгање на мраз, фудбал, пинг понг, зоолошка градина и голем број активности за запознавање со разликите помеѓу овие држави, бидејќи сите потекнуваат од различни култури со различни климатски услови. Тие гордо ја претставија Македонија со презентација и видеа од Милчо Манчевски. Им раскажуваа за климатските промени и животот во Македонија, а воедно и научија многу за животот во овие држави со различни култури и начини на живот. На крај се запознаа со програмите за млади кои ги нуди Европската Комисија, и заедно со останатите учесници ги планираа другите делови од проектот кои ќе се случат во Тунис и Босна и Херцеговина.
Парнери од други организации се Велика Британија, Полска, Тунис, Германија и Босна и Херцеговина. Проектот се состои од три дела, такашто вториот дел ќе се одржи во Тунис, Африка каде учесниците ќе имаат можност да го истражат и пустинскиот свет во тој регион, ќе го посетат третиот најпознат амфитеатар во светот "El djem" и ќе јаваат камили.
Вториот дел на овој проект ќе се одржи од 30.03.2015 до 07.04.2015 а пред тоа лидерите од овие организации ќе се состанат на три дена во Тунис за да ја испланираат детално целата програма со активностите кои следуваат.
Третиот дел ќе биде во Јуни во Босна и Херцеговина во градот Кључ каде ќе се истражува природата и шумите и учесниците ќе имаат можност да учествуваат на рафтинг , а секако пред тоа лидерите од овие организации ќе се состанат на три дена за детално да ја утврдат програмата со активностите кои следуваат. Завршниот дел од овој проект се планира да се случи во Октомври повторно во Германија каде ќе се сретнат повторно 15 учесници од секоја организација.
Проектот е поддржан од Европската Комисија од програмата "Млади во Акција".
Целосната галерија може да ја погледнете овде: CRSD FB Page
No comments:
Post a Comment