Бура од нова енергија, столб на општеството, излив на креативни идеи. Оние што ќе се одлучат да не премолчат за дневната рутина и на свој, продуктивен начин да ја изменат - тие го достигнуваат врвот. Чувство на исполнета глетка, вмрежена со сласт од детски насмевкии и изобилство од успех, за добробит на младите, на заедницата и на целокупниот свет.
Атрактивно, идеално и ново тело се вклопи во нашиот град. Млади ентузијасти, со светол поглед кон иднината по циклусот од обуки се стремат кон последниот чекор за формирањето на Младинскиот Совет на општина Неготино кои не води кон успешни траектории.
Младинскиот совет претставува претставничко тело на младите од општина Неготино кое вклучува претставници од граѓански организации, културни уметнички друштва, подмладоци од политички партии, претставици од претседателството на училишните заедници и други форми на младинско организирање.
Млади сме, имаме можност, имаме сила и воља кон подобра иднина - заедно ке успееме!
Богатата визија на младинците во нашиот град која моментално тлее во детската глава и нема место, простор каде таа да се истакне, да биде разбрана во општеството ке биде само минато. Младинскиот совет ке овозможи секоја идеа на младите да биде добро слушната, разбрана и испратена кон патот за рализација. Младите слободно ке можат да воспостават директна соработка со локалните служби. Пороците ке ги заменат со повеќе активности, натпревари, изразувања на своите таленти. Младите се тие на кои им треба силна поддршка од локалната самоуправа за тие со поголем мотив да работата за реализација на нови проекти.
Секоја идеа ке биде добродојдена во овој совет, секој младински проект ке биде поддржан од истиот. Младите се тие кои се иднината на општеството, младите се исто така и тие кои ја градаат таа иднина во сегашноста. Да се посветиме целосно за остварувања на нашите права и барања, целосно за подобра рутина и иднина оставена на млади кои созреваат успешно и продуктивно во општеството.
Богатата визија на младинскиот совет нуди прераѓање на младите во нашата општина. Да се оттргнеме од лошите пороци, од залудно трошењето време. Заедно сложени да ги кажиме јавно нашите младински барања. Кон иднината да погледнеме преку отворениот прозорец на возможниот свет. На младите од градот им се отвара шанса да имаат каде да ги претстават своите идеи и продуктивно да се развиват во општеството.
„Секој од нас чувствува дека она што го прави е само една капка во океанот. Но ако не правиме ништо, океанот ќе биде посиромашен за таа една капка”. – Мајка Тереза
Напишано од Ивона Атанасова член на Медиа АРТ и Дебатен Клуб.
No comments:
Post a Comment