Во периодот од 31.01.2015 - 08.02.2015 четири лица волонтери во ЦРОР ќе учествуваат на Младинската размена "Desert, Forest and Ice - Intercultural Cooperation through Environmental Exploration" заедно со нивниот лидер во Франкфурт Одер, Германија.
Проект ќе ги направи учесниците свесни за поврзаноста помеѓу културата и животната средина. Ќе се истражува ледениот свет, ќе има лизгање на мраз во Слубице-Полска, и ќе се посети фабрика за производство на хартија како и зоолошка градина, да се запознаат животните кои се наоѓаат во овој период во Франкфурт Одер, Германија. Дел од вечерните активности се: интеркултурна вечер, куглање, диско, филм. Преку истражувања на разни еколошки простори учесниците ќе се доведат до повеќе културно разбирање, толеранција и солидарност, како и решенија за глобалните еколошки предизвици. На проектот ќе учествуваат повеќе земји кои доаѓаат од различна животна средина и различни климатски услови.
Партнери се: PeWoBe gGmbH, Frankfurt Oder (Германија), Centre for Regional Sustainable Development, Negotino (Македонија), Association <<La volonte>> for development, Tunisia (Африка), Dinara Forum, Dinara L'ateneu, Kljuc (Босна и Херцеговина), Initiative Euro Camp, Slubice (Полска), и Slyncs, (Велика Британија). Овој проект се состои од три дела. Вториот дел ќе се одвива во Тунис, Африка каде ќе се истражува пустинскиот дел преку разни истражувања и посета на неколку познати места, а третиот дел во Клјуч, Босна и Херцеговина каде ќе се истражува шумата и дивите води преку спортски активности. На секоја од овие три размени ќе има по 30 учесници, од секоја држава по 5 лица, 4 волонтери и еден лидер. За сите три размени се предвидени APV (Advanced Planning Visit) каде се собираат лидерите еден месец пред проектот за детално утврдување на програмата и запознавање со останатите лидери и ентериерот. APV-то за првиот дел од овој проект се одржа од 12.12.2014 - 14.12.2014
Проектот е финансиран од Европска Комисија преку програмата "Еразмус +".

No comments:
Post a Comment