На Неготино му треба...


Ни претставува огромна чест и задоволство за денешното Ваше присуство и Ваше учество на настанот „На Неготино му треба...‘‘ во толку голем број. Овој настан е дел од проектот “Развој на локално младинско учество и локални младински политики” на Младински образовен форум и Центар за меѓукултурен дијалог, финансиран од Европската Унија.


Настанот се одржa во сабота, 24 јануари, со почеток во 15.00 часот во Блу Кафе, Неготино.

Земајќи ја како неспорна потребата од приближување на младите до процесите на одлучување, сметаме дека младинскиот совет ќе биде токму онаа алатка која на младите им недостасува во нашата општина. За таа цел, на овој настан зборувавме за промоција на потребата од младински совет во нашата општина, настан на кој беа дискутирани и уште низа на прашања поврзани со советот, неговата цел, формирање и работа.


Благодариме на присуството за заедно да ја креираме општина Неготино онаква каква што и ние сметаме дека треба да биде, каде што нашите идеи и мислења ќе бидат директно и секојдневно застапувани. 

Со почит, 
Иницијативен одбор за локален младински совет на општина Неготино

Целосната галерија можете да ја погледнете овде: CRSD FB Page






No comments:

Post a Comment