Мојата приказна од кога сум дел од ЦРОР - Софија Илиевска

Драги ЦРОРОВЦИ, драги средношколци, студенти и сите вие кои го читате нашиот блог дозволете да ве поздравам :)

Моето име е Софија Илиевска и би сакала да споделам со вас што за мене претставува да бидам дел од оваа прекрасна организација во која членувам веќе две години наречена Центар за Регионален Одржлив Развој. Јас сум асистент на Медиа АРТ Клуб кој е дел од мрежата на Медиа АРТ низ цела Македонија од Младински Образовен Форум (http://www.mof.mk/) а кој работи во нашата организација Центар за Регионален Одржлив Развој.
Веќе поминаа неколку месеци откако сум асистент во Медиа-Арт клубот во нашата организација и можам да кажам дека со времето кое измина, заедно со другиот асистент се вклопивме многу добро , и ги прифативме нашите нови улоги во клубот. Бевме задолжени да им помагаме на координаторот на Медиа-Арт клубот- Анета , и нашата ЕВС волонтерка-Илариа во предавањата и работилниците кои беа предвидени за секој состанок.
Тематиката на состаноците од предходните неколку мееци беше рециклирање на отпадните материјали и избаротување на нови предмети од нив, тоа навистина беше тема интересна за сите па членовите беа вклучени максимално во се што се изработуваше за време на состаноците. Ние како асистенти имавме можност и да им помагаме на координаторот на Медиа-арт , а и на Евс волонтерката при предавањата а исто така и неколкупати изработувавме презентации кои им беа презентирани на членовите.
Најинтересната должност што ја имав јас како асистент ми беше спремањето на енерџајзерите кои се дел од секој наш состанок, па така ги размрдувавме членовите кои тукушто пристигнале од училиште, а и другите. Сите изминати состаноци ние се припремавме за изложбата која ја реализиравме во Декември. Сите беа максимално вклучени во припремањето на работите и предметите кои беа изложени а креативноста и посветеноста дадоа одлични резултати. Изложбата помина одлично и сите беме задоволни од крајните резулати.
Без сомнение, во периодот кој ни предстои ќе имаме уште многу дружење а и многу настани кои ќе ги припремаме. Креативците од Медиа-Арт клубот со своите идеи и позитивност секогаш придонесуваат максимално во сите работи кои се предвидени да се изработуваат. Среќна сум што сум асистент на една прекрасна група од млади луѓе, со креативни идеи и позитивни мисли.
Софија Илиевска


No comments:

Post a Comment