Што претставува за мене да бидам член на ЦРОР - Стефан Ристовски

Здраво драги ЦРОРОВЦИ, драги средношколци, студенти и сите вие кои го читате нашиот блог :)

Моето име е Стефан Ристовски јас сум асистент на Дебатен Клуб кој е дел од мрежата на Дебатни Клубови низ цела Македонија од Младински Образовен Форум (http://www.mof.mk/) а кој работи во нашата организација Центар за Регионален Одржлив Развој. Дозволете да ја раскажам мојата сторија од искуството да се биде дел од ЦРОР и клубовите кои функционираат во нашата организација од мрежата на МОФ (Дебатен и Медиа АРТ Клуб).
Помина мојата прва година од членството во Центар за Регионален Одржлив Развој - ЦРОР. Волонтирајќи во оваа организација е нешто неописливо. За само една година постигнав толку многу, работев напорно, и добив огромен број шанси за кои сум бескрајно благодарен. Со членството во клубовите, воедно и сите активности на организацијата се надградив себеси како личност.
Активен член сум во Медиа Арт клубот. Овде ја искажувам целата моја креативност. Со правење на видеа, сликање, фотографија можам подобро да се изразам и да ги искажам моите способности. Клубот е исполнет со голем број ентузијасти за сите креативни полиња и со нашата тимска работа постигнуваме одлични резултати: од видеа и есеи за блогот, до големи настани на кои имавме огромно присуство. Јас самиот им го препорачам Медиа Арт клубот на секој млад човек кој бара простор креативно да се изрази и да се забавува со голем број на други млади.
Освен Медиа Арт, јас сум многу актвен член и во Дебатниот клуб. Всушност во Септември бев назначен и за асистент во клубот. Овој клуб е многу важен лично за мене. Бев запознаен со суштината на дебатата од Стефан Андонов, кој воедно е и предавач за дебата во организацијата и веднаш бев заинтересиран. Тоа што ме плашеше кај дебатата беше мојата трема и мојот страв за јавно говорење. Сето тоа се промени по мојот прв дебатен турнир. Ги преминав сите мои препреки и научив како добро да зборувам, артикулирам и аргументирам. Дебатата ме промени како личност и за тоа му благодарам на мојот предавач и на организацијата. Затоа ја добив и мотивацијата да бидам асистент во дебатниот клуб. Се пријавив и бев избран. 

Сега работам заедно со мојот предавач и останатите асистенти, обучувајќи нова генерација на дебатери и припремајќи ги за нови турнири.
Кога ќе им кажам на другите што се правам во ЦРОР и во колку многу активности и проекти сум вклучен, често го добивам прашањето: „Зошто?“. Одговорот е едноставен. Во ЦРОР се подобрувам себеси, позитивно го искористувам моето слободно време и добивам нови шанси кои ме надградуваат како личност и ме подготвуваат за тоа што ме чека во иднината.

Стефан Ристовски


No comments:

Post a Comment